Нова дигитална услуга за вело - ентузијастите!

Велосипедот покрај тоа што  се користи како превозно средство и се заштитува животната средина,  е и навика која овозможува ослободување од стрес,  зголемување на енергијата и чуството на среќа.

Овој месец воведовме нова услуга за брзо и едноставно купување онлајн полиса за осигурување велосипедисти. Оваа услуга им овозможува на сите кои возат велосипед да купат осигурување во секое време преку нашиот веб шоп и со купување на полисата да се заштитите од незгода и одговорност кон трети лица.

Ви нудиме три пакети за осигурување: „Пакет Старт“; „Пакет Про“ и „Пакет Премиум“.

„Пакет Старт“ чини  1199,00 денари,  „Пакет Про“ чини 1899,00 денари додека „Пакет Премиум“ чини 2699,00 денари.

Со купување на полисата за осигурување велосипедисти си овозможувате покритие за следниве ризици: траен инвалидитет, смрт од незгода, кршење коски и осигурување од одговорност кон трети лица (штети на предмети и лица).

Разликата во пакетите за осигурување кои ви ги нудиме е во висината на годишната премија од која зависи висината на износот на осигурувањето, додека возраста на осигуреникот е најмалку 10 години, а максималните износи за одговорност се: 15.000 евра; за смрт од незгода 10.000 евра; за инвалидитет 20.000 евра и за кршење коски 100 евра.

Дополнително можете да склучите договор за каско полиса за осигурување на вашиот велосипед. Осигурани ризици се: провалена кражба, сообраќајна незгода, пожар, експлозија и удар од гром. Висината на каско полисата зависи од вредноста на вашиот велосипед.

За да купите полиса која вклучува и каско осигурување можете да побарате  онлајн понуда, преку нашиот контакт центар или вашиот агент.

Со воведување на оваа услуга како општествено одговорна компанија која е на пазарот 30 години, сакаме да ве заштитиме и де ве поддржиме во користење на велосипедот како превозно средство.

Сава осигурување а.д Скопје

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!