Поплава, порој и високи води – ризик кој не смее да се игнорира !

Во време на климатски промени, екстремните временски услови стануваат сѐ почести – а со нив и штетите врз домовите, имотот и безбедноста на семејствата. Секојдневно сме информирани за поплавени улици, уништени подруми и оштетена покуќнина. Поради тоа, осигурувањето од поплава и поројни дождови не е повеќе избор – туку е неопходност.

Зошто е важно домаќинско осигурување со покритие од поплава?

На осигурителен пазар, многу понуди за домаќинско осигурување покриваат само основни ризици пожар, кражба и разбојништво. Но што ако токму пороен дожд ја поплави вашата куќа ? Што ако за неколку часа имате штета од неколку илјади евра ? Токму во овие моменти се јавува потребата од проширено осигурување на имот со покритие за поплава, порој и високи води.

 Сава Осигурување – осигурување што се прилагодува на реалноста

Веруваме во реални решенија, затоа нашите пакети за осигурување на домот не се ограничени само на основните ризици – туку стандардниот и луксузниот пакет вклучуваат и : осигурување од поплава, покривање на штета од поројни дождови, заштита од високи води и атмосферски влијанија, снежна лавина и сл.

Ова не е дополнително решение – туку стандард во нашата грижа за вашата безбедност.

Климатските услови се сѐ понепредвидливи. Во последните години, поплави се случуваат и во подрачја каде што тоа порано беше речиси незамисливо. Секоја година гледаме како улиците се претвораат во реки, подруми  се поплавени и семејства губат скапоцен имот.

Во тие моменти, осигурувањето на домаќинството кое вклучува осигурување од поплава е разликата помеѓу голема загуба и брзо закрепнување. Вашиот дом заслужува повеќе од основна заштита. Не дозволувајте следниот пороен дожд да ве затекне неподготвени.

Побарајте понуда за домаќинско осигурување со покритие за поплава, порој и висока вода. Ова покритие е дел од стандардниот и луксузниот пакет. Изберете пакет кој вклучува сеопфатна заштита од сите ризици.

Преку интернет можете да купите полиса за домаќинско осигурување на населени станови и куќи. Доколку сакате да осигурате викендица или ненаселен имот контактирајте нè преку нашиот контакт центар 0800 80000 или побарајте онлајн понуда , и информирајте се која понуда најдобро одговара на вашите потреби.

Со нас вашиот дом е заштитен – денес, утре и во иднина.

Никогаш сами  - Сава осигурување а.д. Скопје