Предности на онлајн купување и информирање

Запознајте се со онлајн услугите кои ви ги нуди Сава осигурување

Пандемијата донесе голем број на промени во секојдневниот живот и придонесе досегашните навики на луѓето да сеСава онлајн услуги променат. Голем број на потрошувачи за првпат го искусија купувањето преку интернет или т.н. онлајн купување.

Предностите кои ги нудат онлајн услугите кореспондираат со епидемиолошките мерки и воедно овозможуваат намалување на чекање ред,  сè е брзо и едноставно, за многу кратко време од својот дом или во движење, со само неколку клика се овозможува добивање на информација, како и купувањена одредени производи и услуги.

Користењето на онлајн услуги е во постојан пораст, како во глобални рамки, така и на територијата на Македонија. Технолошките достигнувања придонесоа онлајн трговијата да има голем број на предности, а со самото тоа и големо влијание во секоја област на економијата.

Статистички, голем број на корисници на услуги, првенствено пред донесување на одлуката, се запознаваат со карактеристиките на продуктите и услугите преку онлајн пребарување и потоа донесуваат одлука за купување на истите.

Сава осигрување, како и досега, ги следи трендовите и постојано се приспособува на потребите на досегашните и на потенцијалните клиенти.

Ние ви нудиме широка палета на онлајн услуги, како што се: барање понуда онлајн, купување полиси, онлајн плаќања, онлајн пријавување на штета и онлајн информативни пресметки.

Преку онлајн понудата можете да испратите барање за сите видови на полиси кои ги нудиме и нашите агенти веднаш ќе одговорат на вашето барање согласно вашите потреби.

На нашиот веб шоп 24/7 можете да ги купите следниве видови на осигурување:

Онлајн плаќањето ви овозможува плаќање во кое било време во текот на денот на полиса, фактура и регрес.

Штетата се пријавува веднаш по настанувањето и истата се пријавува електронски преку интернет на следниов линк:

онлајн пријава на штета.

За сè дополнително нашите оператори ви се на располагање 24/7 на бесплатниот телефонски број 0800 80000.

Никогаш сами – Сава осигурување!

 

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!