Осигурување од незгода
Намалете ги финансиските оптеретувања што се последица на несреќен случај
Вистинското богатство на едно општество се неговите луѓе – децата со своите родители, нивните соседи, учителите, спортските тренери...а на бизнисот – неговите вработени. Нивната заштита од незгоди е особено важна ако се има предвид дека несреќните случаи се најчесто придружени со трајни последици и предизвикуваат зголемени трошоци за лекување, боледување и слично.
Затоа е важно да бидат осигурени ризиците од: трошоци за лекување како последица на несреќен случај, привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај, траен инвалидитет, како и смрт како последица на несреќен случај.
Со полисата за осигурување од незгода се намалуваат финансиските оптоварувања што се последица на несреќните случаи, и тоа без временски и просторни ограничувања. Заштитата се однесува на сите индивидуално осигурени лица, но и на лица осигурени во група. На овој начин, вие, вашите најмили и вашите вработени сте осигурени 24/7 од незгоди, без оглед на тоа каде настанале тие.
Има бројни покритија за осигурување од незгода, но најчести се следниве:
Осигурување на лица при извршување и вон извршување на редовното занимање
- поединечно (индивидуално) осигурување на лица;
- колективно осигурување на работници;
- осигурување на членови на домаќинства;
- колективно осигурување на членови на домаќинство на земјоделски производители;
- колективно осигурување на пензионери;
- осигурување на раководители (менаџери).
Осигурување на лица во моторни возила или при вршење посебни дејности
- осигурување на возачи, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода);
- осигурување на членови на спортски организации од последици на несреќен случај;
- осигурување на летачки персонал и патници при управување и возење со авион и други воздушни летала од последици на несреќен случај.
Осигурување на деца и училишна младина од последици на несреќен случај
Посебни осигурувања од незгода
- гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови;
- гости во бањски лекувалишта;
- посетители на јавни капалишта;
- посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби.