Зошто е важно да имате домаќинско осигурување?

Осигурајте го вашиот стан, имот и предмети во домаќинството

Вашиот дoм  е ваш сон, желба која сте ја оствариле и која грижливо ја чувате и постојано ја негувате.

Во вашиот дом вложувате многу средства и поминувате голем дел од вашето време, но сето тоа може да биде оштетено и во еден миг да останете без него. Иако голем дел од нас се водат од мислата  дека тоа нам не може да ни се случи, сепак, голем број примери укажуваат на спротивното. Покрај сигурносните мерки кои ги преземаме, секогаш постои ризик од пожар, поплава, земјотрес, лизгање на замјиште, пукање на цевки и сл. Сето тоа може да доведе до загуба.

Осигурувањето на домаќинството е инвестиција која го штити нашиот дом. Со купување на осигурување вие си овозможувате финансиски надомест со кој ќе можете да ја покриете штетата која сте ја претрпеле , притоа да имате и привремено сместување  додека не се санира настанатата хаварија.Сава осигурување на домаќинство

Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството е организирано во пакети на осигурување со кои е покриена штета од уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, а која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.

Ние ви  нудиме три вида пакети на осигурување на домаќинство: луксузен, стандарден и основен. Истите вклучуваат и домашна асистенција што ви овозможува да имате свој личен хаус-мајстор 24/7. Пакетите се разликуваат меѓусебно по осигурените ризици што ги покриваат.

Направете пресметка за вашето домаќинско осигурување и уште денес заштитете го вашиот дом!

Непредвидени ситуации се случуваат постојано и треба да бидеме подготвени за истите.

 

Никогаш сами ,

Сава осигурување

 

 

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!