31.01.2018

Толку брзо. Толку сигурно! – онлајн полиса за автоодговорност

Уште една полиса која можете да ја купите онлајн и да заштедите време пред да одите во станицата за технички преглед

Законски задолжителната полиса за осигурување од автомобилска одговорност (АО), која ја купувате при регистрација на возилото, сега можете да ја набавите преку нашата веб-продавница. Ќе избегнете уште една процедура, пополнување на уплатници, чекање на шалтер... Треба да ги внесете податоците за возилото и со еден клик да ја потврдите полисата. Како и другите онлајн полиси, така и оваа се купува едноставно и брзо, без регистрации, лозинки и со поддршка во живо од нашите оператори. На крајот добивате полиса на својата и-мејл адреса, ја печатите и одите на регистрација.

Полисата за АО почнува да важи од датумот кој е наведен во истата. Најдоцна до тој ден треба да го однесете возилото на регистрација. Ви препорачуваме да ја завршите целата процедура во нашата станица за технички преглед Сава Стејшн, каде ќе добиете и 20% попуст на технички преглед.

Во исто време, со купување на оваа полиса ќе може да искористите и други поволности: онлајн да набавите полиса за осигурување на возачот-корисник на возилото и да добиете 30 % попуст на пакетите за Автомобилска асистенција важечки низ цела Европа. 

 За повеќе информации кликнете на:

*Сава стејшн - за нашата станица за технички преглед

*АО и АО+ - за осигурување од автомобилска одговорност

*Автомобилска асистенција - за продуктот АА