Осигурување на домаќинство

Побарај понуда онлајн

Осигурување на стан, куќа и предмети во домаќинство

Осигурување на домаќинството претставува една од најумните инвестиции во однос на заштитата и сигурноста на домот.Осигурување на имот

Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството е организирано во пакети на осигурување со кои е покриена штета од уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, а која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.

Со доплата за некој од пакетите за осигурување на домаќинството, можете да ги осигурате домот и предметите во домаќинството од штети предизвикани од земјотрес. При пријавување штета на имот, во зависност од видот на осигурување, треба да се пополни Пријава на штета. Според Општите услови за осигурување, осигуреникот е должен да ја пријави штета во рок од 3 дена од денот на настанот.

Во зависност од опфатените ризици, дефинирани се 3 пакета на таканареченото домаќинско осигурување:

  • Основен пакет
  • Стандарден пакет
  • Луксузен пакет
Ред. Број Ризици опфатени со осигурувањето  Луксузен пакет Стандарден пакет Основен пакет
1 Пожар Да Да Да
2 Удар од гром Да Да Да
3 Експлозија Да Да Да
4 Луња Да Да Да
5 Град Да Да Да
6 Паѓање на воздушни летала Да Да Да
7 Манифестација и демонстрација Да Да Да
8 Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации - тесно покритие Не Не  Да
9 Удар на сопствено моторно возило Да Да Да
10 Провална кражба и разбојништво Да Да Да
11 Трошоци за нужно сместување Да Да Да
12 Одговорност кон трети лица - тесно покритие Не  Не  Да
13 Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации - широко покритие Да Да Не
14 Поплава, порој и висока вода Да Да Не 
15 Снежна лавина Да Да Не 
16 Лизгање и одронување на земјата Да Да Не 
17 Кршење на стакло на прозорите и вратите на станбениот објект Да Да Не 
18 Одговорност кон трети лица - пошироко покритие Не Да Не 
19 Излевање на вода од аквариум Да Не Не 
20 Тежина на снег Да Не Не 
21 Атмосферски води Да Не  Не 
22 Удар на непознато моторно возило Да Не  Не 
23 Удар од паѓање на дрво Да Не Не 
24 Вандализам Да Не  Не 
25 Кршење на стакла на застаклени балкони Да Не  Не 
26 Кршење на санитарии Да Не  Не 
27 Трошоци за принудна преселба Да Не  Не 
28 Трошоци за повторно изработување на уништени документи, изгубени и заклучени клучеви Да Не  Не 
29 Одговорност кон трети лица - најшироко покритие Да Не 

Не 

 

Повеќе информации за условите за осигурување во домаќинство можете да прочитате тука.