Дигиталните услуги го менуваат начинот на нашиот живот од сите аспекти.

Во областа на осигурувањето дигиталните услуги се однесуваат на користење на современи технологии и платформи за подобрување на корисничкото искуство на корисниците на услугите со што на брз и едноставен начин на корисникот му се овозможува завршување на одредени активности.

Сава осигурување е препознатлива како модерна комапнија која постојано се усовршува во насока на подобрување на корисничкото искуство преку имплементирање на различни видови дигитални услуги со што влијае кон задоволување на барањата на клиентите во согласност со нивните потреби, како и се грижи за заштита на животната средина.

Палетата на дигитални услуги е голема и се однесува на целокупниот процес од поднесување барање за одредена понуда, сè до поднесување онлајн документација за пријавување штета.

Сакате да купите одреден вид полиса, истото можете да го направите  преку испраќање на барање за онлајн понуда преку нашиот веб-сајт, каде ќе ја пополните апликацијата со потребните податоци - име, презиме, контакт, маил и за каков вид на осигурување сте заинтересирани за да може да се одговори на Вашето барање на понуда.Сава дигитални услуги

Преку нашиот веб-шоп имате можност да купите онлајн повеќе видови полиси, односно:  полиса за домаќинско осигурување, полиса за осигурување од последица на несреќен случај за ученици и студенти, полиса за осигурување од автомобилска одговорност, патничко осигурување и осигурување на велосипедисти. Купувањето е брзо и едноставно во секое време каде по пополнување на сите потребни податоци и плаќање на полисата, истата Ви пристигнува на Вашиот имејл.

Процесот на договарање на полисата е дополнително олеснет преку  E-потписот каде целокупниот процес може да се заврши преку онлајн комуникација помеѓу  продажниот агент и осигуреникот. Осигуреникот ја потпишува полисата електронски и истата станува валидна.

Плаќањето на полиса, фактура и регрес  можете да го направите  во секое време во текот на денот користејќи ја услугата онлајн плаќање.

Секако, осигурувањето се купува пред сè да се заштитите од одредена ситуација, состојба која може да се случи и доколку дојде до настанување на одредената штета, истата можете да ја пријавите онлајн и треба да ја пријавите веднаш по настанувањето.

Доколку имате дополнителни прашања за истите, на располагање Ви е нашиот контакт центар каде што можете да испратите имејл или да ги побарате на бесплатниот телефонски број 0800 80000.

Никогаш сами – Сава осигурување!

Сава осигурување а.д Скопје

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!