Домаќинско осигурување - Сигурност за Вашиот Дом
Во свет каде сигурноста и заштитата на домот се приоритет, Сава Осигурување ви нуди едноставно и брзо решение: домаќинско осигурување достапно онлајн!
Со нашите модерни и прилагодливи услуги, можете да го осигурате вашиот дом за само неколку минути.
Три Пакети за Вашите Потреби
За да ги задоволиме различните потреби на нашите клиенти, креиравме три пакети на домаќинско осигурување:
- Основен пакет - Основна заштита за најчестите ризици, пожар, град, провална кражба и разбојништво, одговорност кон трети лица тесно покритие и сл. ( повеќе )
- Стандарден пакет - Дополнителна покриеност која вклучува поплава, порој и висока вода . изчевање на вода од водоводни и канализациони инсталации- широко покритие, одговорност кон трети лица пошироко покритие и сл. ( повеќе )
- Луксузен пакет - Комплетна заштита со вклучени ексклузивни покритија за вашиот имот и лични вредности, атмосферски води, трошоци за израбока на уништени документи, одговорност кон трети лица најшироко покритие и сл. ( повеќе )
Изборот на пакет е лесен, а процесот на осигурување е целосно дигитализиран за вашата удобност
Онлајн Продажба - Брзо и Едноставно
Повеќе нема потреба од долги редици и хартиени документи! Посетете го нашиот веб - шоп, изберете го пакетот што најмногу Ви одговара на вашите потреби и завршете го процесот за само неколку кликови. Осигурувањето онлајн не само што е брзо, туку и ви овозможува да заштедите време и ресурси, овозможувајќи ви повеќе време да се посветите на работите што ви значат најмногу.
Специфични Барања? Побарајте Онлајн Понуда
Доколку имате специфични барања за осигурувањето, ние сме тука за вас. Преку нашата платформа можете лесно да побарате персонализирана понуда. Нашиот тим на експерти ќе ви обезбеди решение кое целосно одговара на вашите потреби.
Исто така, можете да добиете брзи консултации со нашите професионалци, кои ќе ви помогнат да ги разберете сите детали и придобивки од осигурувањето.
Зошто да го одберете Сава Осигурување?
- Практичност: Услугите се достапни 24/7.
- Брзина: Процесот е брз и без непотребни чекори.
- Транспарентност: Јасно дефинирани услови и пакети.
- Поддршка: Нашиот тим е секогаш достапен за консултации и помош.
Осигурувањето никогаш не било полесно! Со нашето домаќинското осигурување , добивате сигурност и мир додека заштитувате се што ви е најважно.
Секој дом е уникатен, исто како и потребите на нашите клиенти. Токму затоа, со Сава Осигурување секогаш можете да очекувате флексибилност и квалитетна услуга која ги задоволува вашите очекувања.
Доколку ви се потребно подетални информации за домaќинското осигурување можете да прочитате во условите за ИМОТ - Домаќинско осигурување и асистенција или да се обратите во нашиот контакт центар на бесплатниот тел. број 0800 80000.
Која документација Ви е потребна доколку се случи штета на Вашиот имот?