Зошто е важно да имате осигурување?
Кога се случуваат временски непогоди, штетите најчесто доаѓаат ненадејно и можат да бараат значителни финансиски средства за санација. Осигурувањето не може да го спречи невремето, но може значително да ги намали последиците што тие настани ги оставаат врз вашиот буџет и секојдневие.
Невремето најдобро нѐ потсетува дека осигурувањето не го купуваме кога ќе настане штета, туку многу порано, за да бидеме подготвени кога ќе ни биде најпотребно.
Што е потребно да знаете при избор на домаќинско и каско осигурување?
Сава Совет: При изборот на домаќинско осигурување, важно е да проверите кои ризици се опфатени со полисата и дали покритието одговара на реалните потреби на вашиот дом. Особено внимание посветете на ризиците поврзани со временски непогоди како луња, град, поплава, атмосферски води и удар од гром, како и на висината на осигурената сума и опфатот на покритието.
Сава Совет: Кога станува збор за каско осигурување, не е доволно само да поседувате полиса. Важно е да знаете кои ризици се покриени, какви се условите за остварување на правото на надомест на штета и како треба да постапите во случај на оштетување на возилото. Град, паднати гранки или дрвја, силен ветер и други последици од невреме можат да предизвикаат значителни оштетувања на возилото, па затоа е важно навремено да се информирате за обемот на покритието што го имате.
Исто така, добро е да знаете дека автомобилската одговорност (АО) не ги покрива штетите на вашето возило настанати како последица на невреме, туку е наменета за штети предизвикани на трети лица во сообраќајот.
Имате полиса и се прашувате што треба да направите веднаш по настанување на штета?
Сава Совет: Пред се грижете се за сопствената безбедност, а потоа, доколку условите дозволуваат, фотографирајте ја штетата и преземете мерки за спречување на дополнителни оштетувања.
Кога и како можам да ја пријавам матерјалната штета?
Сава Совет: Штетата треба да се пријави што е можно побрзо по нејзиното настанување. При пријавување штета на имот, во зависност од видот на осигурување, треба да се пополни пријава на штета. Според Општите услови за осигурување, осигуреникот е должен да ја пријави штета во рок од 3 дена од денот на настанот.
Штетата можете да ја пријавите на начин кој најмногу ви одговара:
- Преку Контакт центар на бесплатниот број 0800 80 000
- Онлајн преку платформата за пријава на штети
- Во Дирекција или во која било подружница на Сава Осигурување
Каде можам да проверам што покрива мојата полиса?
Сава Совет: Најдобро е да ги проверите каков вид на полиса имате купено, потоа да ги прочитате условите за осигурување, доколку ви се потребни дополнителни информации или појаснувања, обратете се кај вашиот агент за осигурување, кој ќе ви помогне подобро да ги разберете правата и покритијата што ги имате.
За сите дополнителни прашања, на располагање ви е и нашиот Контакт центар на 0800 80 000, каде што можете да добиете информации поврзани со вашето осигурување и постапката за пријава на штета.
Најдобрата заштита е информираната заштита - Затоа изберете покритие кое одговара најмногу на вашите потреби и начинот на живот независно од висината на премија која треба да ја платите.
Сава осигурување - Никогаш сами!