Планирате патување оваа зима? Не заборавајте на патничкото здравствено осигурување
Зимата е совршено време за бегство на снежните падини, адреналински спуштања и незаборавни моменти со семејството и пријателите. Без разлика дали планирате викенд на Копаоник, Банско, Боровец или некој од популарните европски ски-центри, добрата подготовка е клучна за безгрижно уживање.
Покрај резервациите и патните документи, постои една работа што не треба да ја заборавите: патничкото здравствено осигурување.
Пресметај и купи патничко здравствено осигурување
Зошто е важно патничкото здравствено осигурување при скијање?
Иако никој не тргнува на одмор очекувајќи непријатности, зимските спортови носат одредени ризици. Повреди на ски-патеките, потреба од медицинска интервенција, транспорт до најблиската болница или итна здравствена помош можат да создадат значителни и неочекувани трошоци.
Со патничко здравствено осигурување добивате дополнителна сигурност дека, доколку се случи нешто непланирано, нема да бидете сами во справувањето со ситуацијата.
Пресметај и купи патничко осигурување за повеќе влезови за 3, 6 и 12 месеци
Ако патувате почесто, размислете за годишна полиса
Доколку во текот на годината патувате повеќепати, без разлика дали поради одмор, работа или кратки викенд-патувања, годишната полиса за патничко здравствено осигурување може да биде практично и економично решение.
Наместо пред секое патување повторно да склучувате нова полиса, со годишното осигурување имате континуирана заштита во текот на целата година и повеќе време да се посветите на планирањето на вашите авантури.
Безгрижно кон нови доживувања
Добро испланираното патување не значи само избор на дестинација и сместување. Тоа подразбира и грижа за вашата сигурност и здравје додека сте далеку од дома.
Затоа, пред да ги облечете скиите и да тргнете кон снежните предели, обезбедете дополнителна заштита за себе и вашите најблиски.
Подгответе се за зимските авантури со поголема сигурност и уживајте во секој момент на патувањето, знаејќи дека зад вас стои доверлив партнер кога ви е најпотребно.
Најчесто поставувани прашања за патничко здравствено осигурување
Колку време пред патувањето треба да склучам осигурување?
Полисата за патничко осигурување за да биде во важност се склучува 24 часа пред поаѓање, односно пред напуштање на границите на државата.
За кои земји важи патничкото здравствено осигурување?
Патничкото осигурување на Сава се однесува на целиот свет.
Што треба да направам ако ми е потребна медицинска помош во странство, односо ми се случи штета?
Да се јавите на +389 2 5101 525 во асистентскиот центар кој работи 24/7 , доколку не се јавите медицинските трошоци можете и самостојно да ги платите, па да ви ги рефундираме средствата по враќањето, но најмногу до 150 евра
Сава осигурување - Никогаш сами!