Осигурување од незгода за ученици:
Безгрижна заштита во секој момент
Училиштето, спортските активности, излетите и секојдневната игра се дел од детството и растењето. Иако родителите се трудат да ги заштитат своите деца, незгодите можат да се случат во секое време и на било кое место. Токму затоа, осигурувањето од незгода за ученици претставува дополнителна сигурност за целото семејство.
Со осигурувањето од незгода , учениците добиваат заштита не само додека се на училиште, туку и во текот на целото деноноќие, 24 часа дневно, 7 дена во неделата, без разлика дали се дома, на тренинг, на екскурзија или во слободно време.
Кога осигурувањето од незгода навистина прави разлика?
Замислете ја следната ситуација:
Марко, ученик , по завршувањето на часовите оди да игра со своите другарчиња. За време на играта незгодно паѓа и се здобива со скршеница на раката. Потребни се лекарски прегледи, снимања и период на закрепнување. Иако никој не може да ја спречи незгодата, осигурувањето може да помогне да се намалат финансиските последици од ваквите непредвидени ситуации.
Токму затоа е важно да се избере осигурување кое обезбедува заштита во текот на целиот ден, а не само за времето поминато во училиште.
Зошто да изберете осигурување од незгода?
✔ Покрива ризици од незгоди и повреди
✔ Важи 24/7, без разлика каде се наоѓа ученикот
✔ Обезбедува дополнителна финансиска сигурност за семејството
✔ Процесот е едноставен и достапен 24/7
Во динамичното секојдневие, родителите сè повеќе ги избираат дигиталните услуги. Добрата вест е дека осигурувањето од незгода може да се купи и онлајн, брзо, едноставно и без потреба од посета на филијала.
Со неколку кликови можете да обезбедите дополнителна заштита за вашето дете и да бидете поспокојни знаејќи дека е осигурано во текот на целото деноноќие.
Бидејќи незгодите не можат да се предвидат, најдобро е заштитата да биде подготвена однапред. Информирајте се за осигурување од незгода и обезбедете сигурност за вашето дете секој ден, 24/7.
Општи услови за осигурување од незгода
Дополнителни услови за осигурување за ученици и студенти
Сава осигурување - Никогаш сами!