Прочитајте ги најчесто поставуваните прашања и дознајте како да го заштитите вашиот дом.

  1. Што покрива домаќинското осигурување?

Покрива штети на домот и домашниот имот предизвикани од ризици како пожар, удар од гром, експлозија, поплава, невреме, провална кражба, излевање вода од инсталации и други ризици во зависност од пакетот.

  1. Дали осигурувањето ги покрива и предметите во домот?

Да, покрај самиот објект, може да бидат осигурени мебелот, белата техника, електронските уреди, облеката и другите домашни предмети во зависност од пакетот и условите.Сава домаќинско осигурување

  1. Колку чини домаќинско осигурување?

Цената зависи од квадратурата, локацијата, вредноста на имотот и избраниот пакет на покритија. Пресметка можете да направите онлајн преку нашиот веб шоп или да не контактирате, онлајн или да го консултирате вашиот агент.

  1. Дали осигурувањето покрива поплава, порој и висока вода?

Во повеќето случаи да, но условите и висината на покритието зависат од полисата и од причината за поплавата. Во стандардниот и луксузниот пакет за домаќинско осигурување на Сава е вклучен ризикот.

  1. Дали домот може да се осигура ако не живеам постојано во него?

Да, но за викендички или празни станови важат посебни услови.

  1. Што ако ми пукне водоводна цевка и настане штета?

Штетите од излевање вода од инсталации обично се покриени со домаќинско осигурување, но кога го бирате точно треба да прашате дали тоа е дел од пакетот и колкаво покритие. Во стандардниот и луксузниот пакет има пошироко покритие, додека во основниот пакет е тесно покритие.

  1. Дали кражбата е покриена?

Да, во пакетите на Сава осигурување вклучено е покритието за провална кражба и разбојништво.

  1. Дали се покриени штети од земјотрес?

Земјотресот најчесто претставува дополнително покритие.

  1. Дали можам да осигурам стан под кирија?

Сопственикот на станот е тој кој треба да го осигура, како и одредени интереси поврзани со имотот и предметите во него.

  1. Што не покрива домаќинското осигурување?

Најчесто не се покриваат штети настанати поради намерно дејствување, негрижа, лошо одржување, нормално трошење или ризици кои не се вклучени во полисата.

  1. Како се пријавува штета?

Пријавата на штета  можете да ја направите преку е-маил, онлајн , контакт центар 0800 80000 или во најблиската експозитура, во рокот дефиниран во условите.

  1. Колку брзо се исплаќа штетата?

Зависи од сложеноста на случајот и комплетноста на документацијата.

  1. Дали осигурувањето ги покрива соларните панели?

Кај сè повеќе осигурителни компании соларните панели можат да бидат предмет на осигурување, но потребно е да се побара дополнително понуда

  1. Дали се покриени трошоци за нужно сместување?

Во многу случаи да, доколку тоа е предвидено со полисата.

  1. Зошто ми е потребно домаќинско осигурување ако никогаш не сум имал штета?

Бидејќи неочекуваните настани како пожар, поплава или провална кражба можат да предизвикаат значителни финансиски загуби, а осигурувањето обезбедува финансиска заштита.

Најбитно прашање е Што не покрива домаќинското осигурување како би избегнале непријатни ситуации доколку се случи штета. Вообичаено, осигурувањето не покрива штети кои настанале поради негрижа.

Покритијата зависат од конкретната полиса и затоа е важно внимателно да се проверат условите пред склучување. Кога договарате полиса потребно е да ги поставите сите прашања на агентот и да одберете пакет кој најмногу ќе ви одговара согласно вашите потреби.

Погледнете ги пакетите кои ги нудиме или побарајте понуда онлајн.

Сава осигурување - Никогаш сами!