Купете патничко осигурување за безгрижно патување
Патничкото осигурување Ви овозможува да се заштитите од неочекувани ситуации кои можат да Ви направат дополнителни значителни трошоци како што се:
Итен медицински случај, изгубен багаж, откажување на патувањето и сл.
Сава осигурување Ви нуди патничко осигурување кое се однесува за покритие на целиот свет и истото може да биде склучено минимум 3 дена и максимум една година.
Во зависност каков вид осигурување ќе купите, дали е Gold, Platinum или VIP, ќе зависи ризикот од кој сте осигурени и висината на осигурените суми.
Патничкото осигурување може да биде склучено како индивидуално, семејно, студентско, бизнис и групно.
За секоја настаната штета задолжително треба да биде известен асистентскиот центар ТБС тим во рок 24 часа од настанување на штетниот настан на телефонскиот број +38925101525.
Доколку штетата не е пријавена во рок од 24 часа, Сава осигурување ќе ја надомести штетата до максималниот износ од 150 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на исплата.
Пред поаѓање неопходно е да обезбедите патничко осигурување онлајн или преку Вашиот агент.
Доколку ви се потребни дополнителни информации побарајте го нашиот контакт центар на бесплатниот тел. број 0800 80000.