Почна школската, но на прагот е и академската година. Дали обезбедивте осигурување од незгода за вашите најмили?
Индивидуално осигурување од незгода за ученици и студенти
Секоја учебна година е ново поглавје во животот на учениците и студентите. Незгодите не можеме да ги предвидиме, но можеме да влијаеме врз ублажување на последиците од истите.
Насекаде во светот свеста за потребата од осигурување од незгода на учениците и студентите е крената на високо ниво. Со полисата за осигурување од незгода се намалуваат финансиските оптоварувања што се последица на несреќни случаи и тоа без временски и просторни ограничувања.
„Сава осигурување“ ви овозможува овој вид осигурување да го купите онлајн на брз, лесен и едноставен начин. Во зависност од пакетот што ќе го одберете зависи и висината на покритието. Покритието се однесува на смрт од незгода, инвалидитет и трошоци за лекување.
Битно е да знаете дека учениците и студентите се осигурани 24 часа и осигурувањето се однесува за една година.
За дополнителни информации можете да прочитате на линкот или да се јавите во нашиот контакт-центар 0800 80000.
Дополнително можете да погледнете на нашиот веб-шоп каков вид осигурување можете да купите онлајн.
Никогаш сами, „Сава осигурување“
Блог Никогаш сами – добро е да знаете!