Финансиска едукација:
Што е полиса за автомобилска одговорност и како можете дополнително да се заштитите
Кога станува збор за финансиска сигурност, една од најважните навики е да ги разбираме производите што ги користиме секојдневно. Полисата за Автоодговорноста (АО) е едно од нив, кое е задолжително осигурување регулирано од страна на Република Северна Македонија.
Што е полиса за автомобилска одговорност?
Полисата за автомобилската одговорност е задолжително осигурување што секој сопственик на возило мора да го има. Основна цел е да ги покрие штетите што вие како возач ќе ги предизвикате на трети лица во сообраќајна незгода.
- нарушување на здравјето, телесна повреда или смрт
- уништување или оштетување на предмети
Но, тука е клучната работа – ова осигурување не ве штити вас како возач ако сте виновни за незгодата.
Каде е празнината или недостатокот во заштитата?
Многу возачи мислат дека со задолжителната полиса за автоодговорност се целосно заштитени. Во реалноста, доколку вие сте причинител на сообраќајна незгода:
- Вашите сопствени трошоци не се покриени
- Вашето здравје и безбедност не се осигурени преку оваа полиса
- Финансискиот товар може да падне директно врз вас
Токму ова е делот каде што финансиската едукација прави разлика.
Што е полиса за автомобилска одговорност плус или АО плус односно осигурување на возач корисник ?
Оваа АО плус полиса е всушност дополнително покритие кое ја надополнува основната полиса и обезбедува заштита и за возачот кој ја предизвикал незгодата.
Со оваа опција добивате:
Дополнителна финансиска сигурност
Покривање во случај на повреда на возачот
Поголема заштита во непредвидени ситуации
На едноставен начин – не штитите само други, туку и себе.
Зошто ова е важна финансиска одлука?
Финансиската писменост значи да не се задоволуваме само со минимумот. Задолжителното осигурување е основа, но вистинската сигурност доаѓа од информирани одлуки.
Со мал дополнителен чекор, можете да избегнете:
- Неочекувани трошоци
- Финансиски стрес
- Недоволна заштита во критични моменти
Инвестирајте во сигурност
На крајот, прашањето не е дали ќе се случи непредвидена ситуација – туку дали сте подготвени за неа.
АО плус полисата е паметен избор за сите кои сакаат повеќе од основна заштита и вистинска финансиска сигурност зад воланот која можете да ја добиете за само 599 денари годишно, добивате покритие до 25 000 евра.
Информирајте се, надополнете ја вашата полиса и возете со поголема сигурност – за себе и за другите.
Повеќе информации можете да добиете преку нашиот веб‑сајт, побарајте онлајн понуда или на бесплатниот телефонски број:📞 0800 80000
Сава осигурување - Никогаш сами!