Зошто е потребно да имате каско осигурување?

Каско осигурувањето е еден вид доброволно осигурување, за разлика од автоодговорноста која е задолжителна со закон и се прави еднаш годишно при регистрација на возилото и со истата  ја осигурувате Вашата одговорност кон трети лица.

Во случај на незгода во која Вие сте виновни, автоодговорноста ја покрива настанатата штета на автомобилот наСава каскодругото лице, додека каско осигурувањето  ја покрива штетата и на Вашиот автомобил независно дали Вие сте виновни или не. Но, постојат исклучоци и ограничувања, на пример: доколку сте управувале со моторното возило под дејство на алкохол, наркотични средства, доколку немате важечка дозвола или истата Ви е одземена привремено и слично. 

На секој од нас може да му се случи штета на автомобилот која може да биде предизвикана од сообраќајна незгода, провална кражба, разбојништво, природна непогода и слично, но за да се заштитиме, постои каско осигурувањето.

Каско осигурувањето ви овозможува да се заштитите од ралични видови на ризици и во зависност од опфатените ризици  при Вашиот избор на пакет за каско осигурување, ќе зависи и висината на премијата, односно износот кој ќе го платите.

Сава осигурување Ви нуди повеќе пакети на каско осигурување: Супер каско, Потполно каско, Мини каско, Каско на паркинг и Каско на прв ризик.

Најпродаван пакет е Потполно каско осигурување – истиот вклучува ризици од сообраќајна несреќа, провална кражба, разбојништво и кражба на делови на возилото, кршење или оштетување на стандардно вградено стакло на осигуреното возило и останати стандардни ризици.

Основа за пресметување на каското е новонабавната вредност на Вашиот автомобил. При склучување на полисата многу е важно да дефинирате од кој ризик сакате да се заштитите и која е вредноста на Вашиот автомобил.

За понуда и повеќе информации контактирајте нè на бесплатниот телефонски број 0800 80000 или побарајте понуда онлајн.

Доколку имате каско осигурување или друг вид на осигурување  и Ви настане штета, истата можете да ја пријавите онлајн на следниов линк.

Со почит,

Сава осигурување а.д Скопје

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!