Што претставува доброволно здравствено осигурување и како да одберете пакет кој најмногу одговара на Вашите потреби?
На глобално ниво сè повеќе е застапено доброволното приватно здравствено осигурување. Во некои држави целиот здравствен систем е приватен, додека кај нас постои јавно здравство, но имаме можност да договориме и доброволно приватно здравствено осигурување. Истото Ви овозможува повисок стандард на здравствена заштита Вам и на Вашите најблиски и претставува надополнување на основната здравствена заштита.
Доброволното приватно здравствено осигурување е осигурување кое врз основани утврдени медицински индикации ги покрива трошоците на осигуреникот.
Висината на премијата која се плаќа за доброволното приватно здравствено осигурување е годишна и зависи од возраста, здравствената состојба и од пакетот кој ќе го одберете.
Како да одберете пакетот кој најмногу одговара на Вашите потреби?
Во зависност од Вашата моментална здравствена состојба, како и од потребите кои би можеле да ги имате во иднина, одберте го пакетот кој најмногу Ви одговара. Бидете искрени при пополнување на прашалникот во однос на Вашите хронични болести и нашите агенти ќе Ве посоветуваат кој пакет е за Вас. При изборот на осигурување имате можност да одберете индивидуално или семејно. Соработуваме со голем број на приватни клиники и дијагностички центри на ниво на нашата држава.
Пакетите кои ги нудиме се највнимателно креирани за задоволување на Вашите потреби за да се обезбеди најквалитетно покритие. Создадовме пакети кои се однесуваат на специјалистичко амбулантно лекување, операции, стоматолошка асистенција, породување и сл. Исто така, може да биде осигуран само престојот во болница или лекувалиште, како и дијагностицирањето на болест која загрозува живот.
Трошоците се обврска на Сава осигурување од моментот на јавување во асистентскиот центар. Осигурувањето е без франшиза односно учество на осигуреникот во трошоците.
Асистентскиот центар Ви нуди 24/7 поддршка, истиот е одговорен за организирање на целиот процес на активности помеѓу Вас и болницата.
За дополнителни информации за пакетите како и за условите можете да прочитате на следниов линк или да нè контактирате на нашиот бесплатен телефонски број 0800 80 000.
Блог Никогаш сами – добро е да знаете!