Корисни совети како да се подготвите Вие и Вашето возило за патување
Патувањето е едно од најголемите задоволства, време кое треба да го искористите за да се опуштите и да уживате во новите искуства и авантури. Најбитно е да направите сè за да Вашето патување биде удобно и безгрижно. Еве неколку совети како да го направите Вашето патување со помалку изненадувања:
- Подгответе го и исчистете го Вашето возило, бидете сигурни дека имате доволно простор. Додека патувате, сакате Вашиот автомобил да биде чист и безбеден.
- Направете преглед на Вашето возило, проверете го нивото на маслото и проверете го акумулаторот.
- Потоа заменете ги зимските гуми со летни доколку тоа го немате направено досега.
- Проверете дали сите светла се во добра состојба.
- Испланирајте која рута ќе ја возите и испланирајте го Вашето патување во зависост од тоа дали сакате да патувате дење или ноќе.
- Обезбедете си апликација која ќе Ве одведе на вистинското место, освен што ќе знаете дека возите во вистинскиот правец, ќе добите и информација каде имате бензиска пумпа, одморалиште, дали има гужва на патот и слично.
- Направете план за разгледување, можете да застанете во текот на патувањето и да посетите интересни места кои ќе Ви го направат патувањето уште поинтересно.
- Подгответе си музика која ја обожавате, независно од тоа дали патувате со семејството или со пријателите.
- Понесете добро расположение.
- Покрај добро расположение понесете и осигурвање од Сава.
Дали знаете дека можете да го осигурате вашиот автомобил онлајн? Сава ви нуди и автомобилска аситенција со достапност низ цела Европа. Изберете еден од пакетите за покритие кое најмногу ќе одговара на Вашите потреби:
- Мини асистенција
- Макси асистенција
- Екстра асистенција
Детално за пакетите за автомбилска асистенција.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, за вас секогаш се достапни нашите агенти на бесплатниот телефонски број 0800 80 000.
Искористете ги поволностите кои ви ги нудиме и уживајте безгрижно во своето патување.
Блог Никогаш сами – добро е да знаете!