Ви се случи штета, се прашувате што понатака?

Во зависност од природата на настанатата штета, потребно е да се поднесе соодветна документација за пријава на истата.

Зависно од видот, обемот и карактеристиките на штетата, пријавувачот добива детални упатства за понатамошните постапки. Пријавувачот на штета може да биде осигуреникот, договарачот или оштетениот.

Штетата се пријавува веднаш по настанување, односно се следи процедурата за постапување по истата. 

Постојат неколку начини за пријавување на штета, лично, преку телефонскиот број 02/5101-515, електронски на steti@sava.mk  или да се пополни онлајн.

Осигуреникот ја пријавува штетата кај осигурителот на соодветен формулар – Пријава на штета.

Доколку ја поднесувате пријавата на штета онлајн, потребно е да се пополнат информациите на онлајн формуларот за подносител  на штетата, информацијата за полисата, причината за незгодата, информациите за учесниците, како и да се приложи потребната документација.

Осигурителот кога ќе добие известување за штета, врши процена на истата, а по собирање на целосната документација, се пристапува кон пресметка на надоместокот што се исплаќа во најкраток можен рок.

Како да постапите по однос на настаната штета по каско, автомобилска одговорност, имот, незгода, патничко осигурување, одговорност на превозник, можете да погледнете на следниов линк или да се обратите на нашиот телефонски број 0800 80000.

Сава осигурување а.д Скопје

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!