Зошто е важно да имате осигурување за вас, за вашите најблиски и за вашите вработени?
Купувањето на осигурување е важно за сите нас бидејќи ни овозможува да бидеме финансиски сигурни и непријатните ситуации да ги решиме на побрз и поедноставен начин, односно овозможува да се менаџираат потенцијалните ризици.
Со купувањето на полиси се овозможува сигурност и заштита за време на патување, сигурност во однос на нашето здравје, во домаќинството, при земјотрес, пожар, незгода на работа и сл.
Независно од тоа колку заработуваме и колку штедиме, секогаш одреден вид на штета или незгода може да ја наруши нашата финансиска стабилност. Најдобар начин да се заштитиме себеси, нашето семејство, домот или нашите вработени, е да купиме одреден вид на осигурување и со сето тоа да обезбедиме намалување на потенцијалниот ризик.
Никој од нас не може да ги предвиди идните настани, односно да го одреди текот на животот, но затоа може да се заштити од непредвидени ситуации.
Секоја непредвидена ситуација остава одредени белези во животот, но затоа со осигурувањето можеме да се заштитиме кога ќе се случи.
Со осигурувањето сте сигурни дека сте заштитени од неочекувани настани и со сето тоа си овозможувате одредена доза на мир.
Кога имате осигурување, можете да се посветите на вашето закрепнување, а за сè останато се грижиме ние. Ви овозможуваме финансиска сигурност, како и грижа преку нашиот асистентски центар, кој е тука за вас 24/7.
Ние ви нудиме онлајн услуги како што се: веб-шоп, преку кој можете да купите онлајн полиси, потоа да пријавите онлајн штета, да извршите онлајн плаќања, како и поддршка од нашите оператори.
Запознајте се со нашата палета на услуги и продукти кои ви ги нудиме и доколку ви се потребни дополнителни информации, искористете го нашиот бесплатен телефонски број 0800 80000 или комуницирајте со нашите оператори преку нашиот chat box.
Процесот на дигитализација ни овозможува да бидеме поблиску до нашите клиенти во секое време!
Никогаш сами,
Сава осигурување
Блог Никогаш сами – добро е да знаете!