Патничко осигурување
Секое безгрижно патување започнува со купување на Сава патничко осигурување
Патувањата по светот често знаат да бидат непредвидливи. Не знаеме што не чека на следната кривина. Најсигурен начин е секогаш да бидеме подготвени , односно да се осигураме.
Со купување онлајн-патничкото осигурување можете во секое време брзо и едноставно да склучите патничко здравствено осигурување и да имате покритие од полноќ истиот ден.
Основни карактеристики на патничкото осигурување:
Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и максимум една година.
Патничкото осигурување може да биде склучено како индивидуално, семејно, студентско, бизнис или групно патување.
Од асистентскиот центар, достапен 24/7, добивате организација и поддршка во случаи на потреба од итна медицинска грижа, правна помош, помош со изгубен багаж при патување со авион...
Покритија на поединечните пакети на патничкото осигурување:
GOLD, PLATINUM и VIP
Осигуран ризик | Осигурани Суми | ||
---|---|---|---|
GOLD | PLATINUM | VIP | |
Трошоци за лекување | 30,000 € | 30,000 € | 50,000 € |
Враќање на деца до 14 години во земјата | 15,000 € | 15,000 € | 30,000 € |
Враќање на посмртни останки | 30,000 € | 30,000 € | 30,000 € |
Посета на пациент до | 200 € | 200 € | 400 € |
Продолжување на престој по лекување до | 100 € | 100 € | 200 € |
Придружба на пациент до | 100 € | 100 € | 200 € |
Надомест на телефонски трошоци до | / | 50 € | 100 € |
Кражба или провална кражба на багаж до | / | 300 € | 600 € |
Задоцнето пристигнување багаж до | / | 100 € | 130 € |
Загуба на патни документи до | / | 50 € | 50 € |
Замена на состаноци до | / | / | 1,000 € |
Враќање на моторно возило до | / | / | 1,000 € |
Правна помош до | 100 € |
Територијално покритие
пакет | територијално покритие |
---|---|
GOLD, PLATINUM, VIP | цел свет |
Доплата и попусти
Доплата
- за осигурување од спортски ризик;
- за професионални возачи
- за студенти кои студираат во странство, се на пракса во странство или работат сезонска работа во странство
- за лица од 65 до 75 години старост;
- за лица од 75 до 80 години старост;
Попусти
- за студенти – 15% попуст;
- за семејно патување – 15% попуст;
- за групни патувања (5 и повеќе лица) – 20% попуст;
- за бизнис патувања – 20% попуст.
Како да постапите во случај на незгода?
Во случај на незгода, ви овозможуваме 24-часовна поддршка на телефонскиот број:
+389 2 5101 525
При пријава на штетата во асистентскиот центар, ве молиме поднесете ги следниве податоци:
- име и адреса (од осигурителната полиса),
- број и важност (од осигурителната полиса),
- локација и телефонски број на којшто може да бидете контактирани,
- краток опис на проблемот и вид на помош што ви е потребна.
Медицинските трошоци можете и самостојно да ги платите, па да ви ги рефундираме средствата по враќањето, но најмногу до 150 евра. Во овој случај, треба да го известите медицинскиот персонал или останатите добавувачи на услуги дека треба да подготват извештај кој вклучува:
- име и адреса на осигуреникот,
- опис на болеста и третманот,
- цени за индивидуалните услуги,
- адреса, печат и потпис од докторот, медицинскиот центар, аптеката и да ви ја предадат и останатата медицинска документација.
Овие документи ќе ви овозможат исплата на средствата по враќањето дома, брзо и едноставно.