Патувајте и чувствувајте се Вие и Вашиот дом безбедни!

Во летниот период го планирате своето патување и единствено нешто на кое треба да размислувате, се убавите спомени и доживувања од тоа патување. Независно дали ќе посетите планинско или приморско место, Вашето патување треба да биде безгрижно.

Каде и да патувате, од голема важност е да имате патничко осигурување, но за да имате и дополнителен мир, важна е инвестицијата во домаќинското осигурување кое се однесува за целата година.

Овој вид осигурување го заштитува Вашиот имот и Ви овозможува намалување на  финансиската загуба од неочекувани дејствија и случувања.

Патничкото осигурување додека патувате Ви овозможува заштита од откажување на патувањето, оштетување на багажот, повреда, лекување, привремено сместување и сл.

Со купувањето Патничко осигурување дополнително можете да договорите домашна  асистенција за Вашето домаќинство додека сте на пат.

Со инвестирањето во двата вида осигурување, си овозможувате инвестирање во сопствениот мир и спокој  бидСава патничко и домаќинско осигурувањеејќи знаете дека сте заштитени од нечекувани настани.

Висината на премијата која ќе ја платите, зависи од изборот на пакетите кои ќе ги одберете во согласност со Вашите потреби. Секој пакет Ви нуди различно покритие, односно се однесува на различни ризици кои се опфатени.

Преку нашиот веб-шоп можете да купите и домаќинско и патничко осигурување.

Доколку сакате да ја осигурате Вашата викендичка која ја посетувате повремено, истото можете да го направите преку нашиот контакт центар 0800 80000 или да побарате онлајн понуда и веднаш ќе бидете контактирани од наш агент.

При договарање на полисата, независно за каков вид осигурување станува збор, дали е преку нашиот веб-шоп или преку агент,  потребно е внимателно да ги прочитате условите или да го распрашате Вашиот агент.

Доколку ви се потребни повеќе информации можете да побарате понуда онлајн како и да нѐ контактирате преку нашиот контакт центар.

Сава осигурување а.д Скопје

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!