Сава Осигурување, како докажана иновативна компанија, која е насочена кон континуирана грижа кон клиентите, покрај досегашните дигитални услуги како што се онлајн плаќање на фактури, онлајн пријава на штета, онлајн барање на понуда и продажба преку веб-шоп, ја воведуваме и новата дигиталната услуга Е-потпис во нашето работење.
Начинот на користење на оваа услуга е безбеден и едноставен за користење, овозможувајќи брзо и лесно да го завршите процесот на купување полиса за осигурување за Вашиот имот или возило.
Вашиот агент е задолжен да Ве води низ целокупната постапка која се одвива во само неколку чекори и тоа:
- Вашиот агент Ви испраќа линк на Вашата електронска пошта за пристап до полисата.
- Добивате СМС порака со верификациски код за потврда на полисата.
- По успешната верификација, полисата и фактурата ги добивате во електронска форма на Вашата електронска пошта.
Дигиталната услуга Е-потпис Ви овозможува поголема флексибилност, менаџирање на Вашето време во добивањето на дополнителните информации од Вашиот агент, бесхартиена соработка преку електронската комуникација и посветено поквалитетно време во градење на партнерски односи со агентите во нашата компанија.
Изберете ги дигиталните услуги на Сава Осигурување и искусете го осигурувањето на иднината – брзо, едноставно и сигурно!
Доколку ви се потребни дополнителни информации побарајте го нашиот контакт центар на бесплатниот тел. број 0800 80000.