Клучни совети за осигурување што најдобро одговараат на вашиот дом
Домот не е само место каде што живееме – тоа е нашата сигурност, спомени и вредности. Но, дали сте размислиле колку навистина е заштитен?
Непредвидени ситуации како пожар, поплава, кражба или невреме можат да направат сериозна штета. Затоа, изборот на вистинско домаќинско осигурување не е луксуз – туку паметна одлука.
Еве ги најважните совети што ќе ви помогнат да направите правилен избор.
Сава Совет 1: Секогаш читајте ги условите – деталите прават разлика.
Не сите полиси се исти.
Проверете дали полисата покрива:
- пожар и експлозија -луксузен, стандарден и основен пакет
- поплава и временски непогоди -луксузен и стандарден пакет
- кражба или провала -луксузен, стандарден и основен пакет
- атмосферски води-луксузен пакет
Сава Совет 2: Проценете ја вредноста на вашиот дом и имот
- Колку вреди вашиот стан/куќа/викендичка
- Колку вреди внатрешниот инвентар (мебел, техника, уреди)
- Ако осигурате помалку од реалната вредност – ризикувате да не бидете целосно обештетени
Сава Совет 3: Подобро малку повисока премија отколку недоволна заштита.
- Најевтината полиса не е секогаш најдобрата
- Споредете неколку понуди
- Проверете што е вклучено во цената
- Внимавајте на ограничувања, исклучоци и сл.
Сава Совет 4: Проверете ги и дополнителните покритија - осигурителниите полиси нудат и дополнителни бенефиции
- Овие опции често прават голема разлика во реални ситуации
- Одговорност кон трети лица (ако направите штета на сосед)
- Домашна асистенција (водоинсталатер, електричар)
Сава Совет 5: Изберете полиса што одговара на вашиот начин на живот.
Секој дом има различни ризици пример:
- Ако живеете на приземје → поголем ризик од поплава (луксузен и стандарден пакет)
- Ако сте во зграда → можни водни штети од соседи - (основен пакет)
- Ако често патувате, aко имате викендичка→ повисок ризик од кражба (луксузен, стандарден и основен пакет)
- Ако живеете на трусно подрачје → повисок ризик од земјотрес
Сава Совет 6: Проверете како функционира обештетувањето - телефонски број за пријава на штета, потребна документација
Добрата полиса не се гледа кога ја купувате – туку кога ви е најпотребна.
Клучно прашање: Дали сте ги запазиле роковите, потоа колку брзо и како ќе бидете обештетени?
Проверете:
- постапка за пријава на штета
- рокови за исплата
- потребна документација
Сава совет 7: Добриот партнер не продава само полиса – туку нуди решение и поддршка
Сигурноста доаѓа од довербата.
Ние сме ви достапни 24/7, за прашања, за онлајн за купување полиси, за пријава на штета, барање на понуда како и нашите агенти и контакт центарот.
Повеќе информации можете да добиете преку нашиот веб‑сајт, побарајте онлајн понуда или на бесплатниот телефонски број:📞 0800 80000
Сава осигурување - Никогаш сами!