Втор дел

Дали знаете како да постапите во случај на сообраќајна незгода ?

Во случај на незгода настаната во друга држава:

За сообраќајна незгода што се случила во странство, надомест на штета во Република Северна Македонија се остварува единствено преку каско осигурување, додека по основа на вина на трето лице, надомест на штета се остварува од компанија во земјата во којашто се случил сообраќајната незгода.

Доколку сте во странство и учествувате во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, со другиот учесник/учесници можете да пополните Европски извештај (има идентична содржина во сите европски земји и на сите јазици, па слободно користете го својот примерок). Ако НЕ сте одговорен за незгодата, пријавете ја штетата во Бирото за осигурување на земјата каде се случила незгодата или во компанијата во која ќе ве упатат тие. Телефоните за контакт на бироата за секоја земја се испишани на задната страна од зелениот картон.

Доколку се работи за поголема штета и била повикана полиција, обезбедете примерок од полицискиот записник изготвен на лице место или консултирајте се кога и каде можете да добиете примерок.

Покрај тоа, должни сте да доставите писмена изјава за околностите на незгодата (има ли повредени лица, обемот на незгодата, чија е одговорноста за незгодата и слично) до нас, како Ваш осигурувач.

Доколку се работи за поголема штета или потешка незгода, прво погрижете се за повредените и преземете мерки за отстранување на евентуални опасности, а потоа:

  • не го поместувајте возилото;
  • повикајте полиција и побарајте да биде изработен извештај т.е. записник;
  • доколку сте виновен за настанот, еден примерок од ЗК (или фотокопија) мора да му се предаде на другиот учесник или на полицијата која врши увид;
  • по враќањето во РС Македонија, се пријавува настанот во Секторот за штети во „Сава осигурување“ за да може да започне процедурата за обработка на штетата;
  • доколку, како наш осигуреник, претрпите штета при своето патување во странство, по вина на државјанин на матичната земја, ќе мора да обезбедите увид и записник од полиција;
  • потоа треба да поднесете директно отштетно барање до осигурителната компанија која го осигурила возилото што ја причинило штетата;
  • во ваков случај, како наш осигуреник, може да сметате на помош од „Сава осигурување“ во процесот на обработка и наплата на штетата.

 *За секоја од овие ситуации, потрудете се да направите фотографии на лице место

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

При пријавување штета по АО, неопходно е следново:

  • да ги доставите возилата заради увид и споредувања на оштетувања;
  • да пополните изјави за начинот и околностите под кои се случила незгодата;
  • да покажете докази за осигурување (полиси), сообраќајни дозволи, возачки дозволи (на увид), фотографии од лице место и слично.

Доколку ви се потребни дополнителни информации побарајте го нашиот контакт центар на бесплатниот тел. број 0800 80000.