Која документација Ви е потребна доколку се случи штета на Вашиот имот?
Во зависност од видот на осигурувањето, потребно е да пополните соодветна Пријава на штета.
Во секоја од пријавите се внесуваат податоци за осигуреникот, оштетеното средство, потоа опис на околности под кои е настаната штетата, приближен износ по мислење на осигуреникот и лице за контакт. Доколку законот бара, покрај пријавување треба да се направат и дополнителни дејства и тоа:
- во случај на пожар и експлозија, веднаш да се извести соодветниот орган на МВР;
- во случај на провална кражба или разбојништво, задолжително да се извести соодветниот орган на МВР;
- во случај на зла намера на вработен или трето лице, веднаш да се извести соодветниот орган на МВР.
Во согласност со Општите услови за осигурување, осигуреникот е должен да ја пријави штетата во рок од 3 дена од денот на настанување. Стручни лица извршуваат увид и се дефинира причината за настаната штета. Во зависност од видот на штетата, проценителот Ве информира за тоа што е потребно за да се комплетира предметот.
Со завршување на целиот процес, се изготвува записник каде што е наведенеа причината за настаната штета и пресметка.
Пријавувањето на штета можете да го направите онлајн, во просториите на Сава, преку телефонски број 02/5101-515 како и на имејл steti@sava.mk.
Како да постапите по однос на настаната штета по каско, автомобилска одговорност, имот, незгода, патничко осигурување, одговорност на превозник, можете да погледнете на следниов линк или да се обратите на нашиот телефонски број 0800 80000.
Блог Никогаш сами – добро е да знаете!