Кога треба да пополните европски извештај?

ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ

Доколку сте учесник во сообраќајна незгода со мала материјална штета, заедно со другите учесници треба да го пополните Европскиот извештај.

Во ваков случај, препорачливо е прво да направите фотографии од настанот, потоа да се отстранат возилата од коловозот, а со останатите учесници да размените податоци од лични документи за идентификација, податоци за возилата и осигурувањето.

Потоа се пријавува штетата кај друштвото во кое е осигурен виновникот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

При пријавување штета по Автомобилска Одговорност, неопходно е следново:

  • да ги доставите возилата заради увид и споредувања на оштетувања;
  • да пополните изјави за начинот и околностите под кои се случила незгодата;
  • да покажете докази за осигурување (полиси), сообраќајни дозволи, возачки дозволи (на увид), фотографии од лице место и слично.

Европски извештај не се пополнува, туку се повикува полиција во случаи кога:

  • има повредени лица во незгодата;Сава европски извештај
  • возилата не се осигурени, односно немаат важечки полиси по автоодговорност;
  • едниот учесник доаѓа од друга држава, а нема валиден зелен картон;
  • дошло до оштетување на виталните делови на возилата, како управувачкиот систем и системот за сопирање;
  • возачите немаат валидни возачки дозволи, не се согласни да разменат лични податоци и податоци за возилото, кога се во алхохолизирана состојба или под наркотици.

Доколку ви се потребни дополнителни информации побарајте го нашиот контакт центар на бесплатниот тел. број 0800 80000.