Што сѐ покрива домаќинското осигурување?

Осигурајте го вашиот стан, куќа како и предметите во домаќинството.

Осигурувањето станбени објекти и предмети во домаќинството е организирано во пакети за осигурување со кои е покриена штета од уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети,  а која ќе настане како последица на некоја од осигурeните опасности, ризици.

Домаќинското осигурување ви овозможува заштита на вашата материјална сопственост од пожар, град, поплава, разбојништво, кражба и сл. Ризиците кои се опфатени се дефинирани во пакетот за осигурување кој ќе го купите и од истите сте заштитени во текот на една година, потоа се врши обнова..

Предмет на осигурување се станови и индивидуални куќи и истите можат да бидат населени и ненаселени. ВисинатаСава домаќинско осигурување на премијата на полисата зависи од  повеќе фактори односно износот на осигурување на објектот, опремата и ризиците кои се опфатени.

Сава осигурување ви нуди три пакети на осигурување: Луксузен, Стандарден и Основен пакет, со доплата истите можат да бидат надополнети со полиса за осигурување од земјотрес.

Домаќинското осигурување вклучува и домашна асистенција која се однесува на асистирање во моментот кога ќе се случи незгода за која е неопходна итна интервенција.

Пријавата на штетата потребно е да ја направите веднаш по настанување на истата.

Во Сава осигурување настаната штета можете да ја пријавите и онлајн.

Доколку ви се потребни повеќе информации или сакате да побарате понуда  можете да нѐ контактирате на нашиот бесплатен број 0800 80 000 како и онлајн.

Никогаш сами, Сава осигурување!

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!