Почна школската, но на прагот е и академската година. Дали обезбедивте осигурување од незгода за вашите најмили?

Индивидуално осигурување од незгода за ученици и студенти

Секоја учебна година е ново поглавје во животот на учениците и студентите. Незгодите не можеме да ги предвидиме, но можеме да влијаеме врз ублажување на последиците од истите.

Насекаде во светот свеста за потребата од осигурување од незгода на учениците и студентите е крената на високо ниво.  Со полисата за осигурување од незгода се намалуваат финансиските оптоварувања што се последица на несреќни случаи и тоа без временски и просторни ограничувања.Сава незгода

„Сава осигурување“ ви овозможува овој вид осигурување да го купите онлајн на брз, лесен и едноставен начин. Во зависност од пакетот што ќе го одберете зависи и висината на покритието. Покритието се однесува на смрт од незгода, инвалидитет и трошоци за лекување.

Битно е да знаете дека учениците и студентите се осигурани 24 часа и осигурувањето се однесува за една година.

За дополнителни информации можете да прочитате на линкот или да се јавите во нашиот контакт-центар 0800 80000.

Дополнително можете да погледнете на нашиот веб-шоп каков вид осигурување можете да купите онлајн.

Никогаш сами, „Сава осигурување“

 

 

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!