Дали некогаш сте се запрашале:
Што е осигурување? Кои се предностите на истото? Како да одберам осигурување кое одговара на моите потреби?
Нашите животи и имоти секогаш се изложени на ризик. Не постои соодветна гаранција во животот дека одредена штета или ситуација воопшто нема да се случат. Не можеме секогаш да се заштитиме од потенцијалните ризици. Затоа како опција Ви го нудиме осигурувањето кое ја ублажува економската загуба во дадена ситуација, односно претставува управување со ризик за намалување на финансиската загуба настаната како резултат на природни сили или несакани случки.
Опасноста, ризикот и штетата нѐ асоцираат на тесна поврзаност со осигурувањето кое само по себе создава претстава за сигурност. Поточно, осигурувањето претставува здружување на сите оние кои се изложени на иста опасност со цел заеднички да ја поднесат штетата која ќе им се случи само на некои од нив. Основата на осигурувањето е во начелото на сплотеност и солидарност.
Кога склучувате осигурување, добивате полиса за осигурување која ги содржи сите податоци за осигуруваниот предмет. Во неа се наведени информации за договорените страни, предметот на осигурување, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето и периодот на осигурување, износот на премијата.
Кои се предностите на осигурувањето?
При склучување на договор за осигурување не само што се заштитувате Вие, Вашето семејство или бизнис, туку го намалувате стресот кога ќе се случи одредена тешка ситуација и имате финансиска сигурност, како и покритие на настанатата штета.
Како да одберам осигурување согласно потребите?
При изборот на осигурување, најдобро е да се консултирате со продажен агент кој согласно Вашите потреби ќе Ви понуди најдобра опција и ќе Ви изработи полиса која ќе ги задоволи Вашите барања. При изборот на осигурување, важно е дефинирање на ризиците кои ќе бидат покриени со полисата, како и финансиската стабилност на осигурителната компанија.
Сава осигурување ви нуди продукти од областа на неживотно осигурување и тоа : Осигурување на возила, Осигурување на имот, Патничко здравствено осигурување, Осигурување од незгода, Доброволно приватно здравствено осигурување, Осигурување на велосипеди и велосипедисти, Здравствено осигурување на миленик и Корпоративно осигурување.
Сава осигурување Ви нуди 24-часовна поддршка за сите настанати ситуации, како и за сите потребни информации во однос на продуктите кои ги нудиме.
Доколку имате потреба од понуда за осигурување, истата можете да ја побарате преку нашиот контакт центар на 0800 80 000 и онлајн.
Никогаш сами,
Сава осигурување а.д. Скопје
Блог Никогаш сами – добро е да знаете!