Пет–Вет  Ветеринарно лекување на Вашето куче

Здравственото осигурување на миленик ги намалува трошоците за лекување на Вашето куче.

Никој не сака да размислува дека ќе има потреба и дека ќе го искористи овој вид осигурување, но вистината е дека миленикот може да се повреди или разболи. Трошоците за лекување можат да бидат високи, а осигурувањето може да Ви помогне во покривање на истите.

Здравственото осигурување на миленик ( куче ) ги покрива одредените болести како и ветеринарниот третман. Овој вид осигурување Ви помага за поголема грижа на Вашето куче.

Пет – Вет  Ветеринарното лекување на Вашето куче може да го користат кучиња кои се чувани како миленици во период од навршени 8 недели до навршени 9 години старост и кои ги исполнуваат следниве услови:

Кучето да е здраво, да има свој пасош во кој е заверен микрочипот, дека не боледува од наследни и хронични болести, да нема телесен инвалидитет, да е вакцинирано согласно законските прописи и сл.

Здравственото осигурување на миленикот (куче) ги покрива трошоците за дијагностицирање, односно лекување на новонастаната болест, состојба или повреда , согласно списокот на дијагнози.

Доколку прв пат го осигурувате Вашиот миленик, не смее истиот да биде постар од 6 години.

Болестите за коишто се однесува осигурувањето, можете да ги прочитате во Општите услови.

Овој вид осигурување се склучува без учество во штета, односно франшиза.

Доколку сте заинтересирани за да го осигурате Вашето куче, можете во Сава осигурување да побарате онлајн понуда или да нѐ контактирате на нашиот бесплатен  контакт-број 0800 80000.

Никогаш сами – Сава осигурување а.д.

 

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!