Зошто ДПЗО е корисно и што ни овозможува истото?

Нашето здравје и здравјето на нашите најблиски е најважно, затоа за да се заштитиме треба да направиме сѐ што е во наша моќ. Доброволното приватно здравствено осигурување овозможува поголема грижа за здравјето и претставува надополнување на основното здравствено осигурување.

Доброволното приватно здравствено осигурување може да се склучи како индивидуално, како семејно или како колективно осигурување, каде што осигурителната компанија согласно договорените услови нуди покритие.Сава доброволно приватно здравствено осигурување

Зошто ДПЗО е корисно и што ни овозможува истото?

  1. Дополнителна заштита:

 На корисниците на доброволното приватно здравствено осигурување им овозможува дополнителна заштита од онаа која им ја овозможува јавното здравство.

  1. Приоритетен третман:

Во зависност од осигурителната компанија добивате приоритетен третман  во партнерска мрежа од болници и дијагностички центри што резултира  со кусо време на чекање.

  1. Финансиска заштита:

ДПЗО овозможува дополнителна финансиска заштита во случај на неочекувани расходи кои произлегуваат од самото лекување односно финансиска поддршка во чувствителни моменти.

Што и каков вид заштита нуди ДПЗО можете да погледнете на следниот линк. Постојат повеќе видови пакети кои нудат различни покритија. Многу е важно при купување на ДПЗО да се знае дека висината на премија на овој продукт зависи од старосната група на која припаѓа осигуреникот.

Сава осигурување има соработка со голем број болници како и дијагностички центри и воедно има свој асистентски центар кој ве води низ целиот процес и ви нуди поддршка 24/7.

Доколку ви се потребни повеќе информации за ДПЗО можете  да побарате понуда онлајн како и да нѐ контактирате преку нашиот контакт центар.

Сава осигурување а.д Скопје

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!