Денот на осигурувањето е одличен потсетник дека осигурувањето не е луксуз туку потреба. Неживотните осигурувања се клучни за нашата безбедност во секојдневието, а нивната вредност се чувствува најмногу во неочекувани и стресни моменти. Токму тогаш, кога животот ќе ти приреди изненадување, осигурувањето е твојот сигурен заштитник.
Во време кога неизвесноста е дел од секојдневниот живот, осигурувањето се истакнува како еден од најважните начини за заштита. Неживотните осигурувања играат суштинска улога во обезбедувањето стабилност, сигурност, особено во моментите кога најмалку се очекува.
Осигурување имот и возила – заштита од неочекуваното
Замисли ја следната ситуација: поплава, пожар или сообраќајна несреќа. Во такви моменти неживотното осигурување не е само финансиска поддршка туку и психолошка сигурност дека никогаш не сте сами. Осигурувањето на домот, автомобилот или деловниот простор ви овозможува брзо враќање во нормални услови, без да морате да се справувате самостојно со целокупните последици од ситуацијата. Доколку ви е потребна информативна пресметка, тоа можете да го направите онлајн, но исто така можете да купите полиса преку нашиот вебшоп или да побарате онлајн понуда.
Здравствено и патничко осигурување – грижа за вас и вашите блиски
Неживотното здравствено осигурување не само што ви овозможува брз и безгрижен пристап до медицински услуги туку и ги намалува грижата и стресот при појава на здравствени проблеми. Постапката за активирање на полисата за ДПЗО е преку нашиот асистентски центар со праќање упат од матичен лекар каде понатаму ви се закажува преглед согласно вашите барања и нашата соработка со здравствените установи.
Патничкото осигурување, пак, е вашиот најдобар пријател кога патувате надвор од државата – независно дали се работи за изгубен багаж или итна медицинска интервенција, знаете дека имате итна поддршка во секој момент. Доколку се случи штета, истата треба да ја пријавате во рок од 24 часа на телефонскиот број +3892501525, доколку не пријавите во рок од 24 часа максималниот износ на штетата што ќе ви ја надомести „Сава осигурување“ е до 150 евра.
Осигурување од незгода – несреќи се случуваат, да бидеме подготвени
Со полисата за осигурување од незгода се намалуваат финансиските оптоварувања што се последица на несреќните случаи, и тоа без временски и просторни ограничувања. Заштитата се однесува на сите индивидуално осигурени лица, но и на лица осигурени во група.
Секој успешен бизнис зависи од своите вработени кои не се само дел од работната сила, тие се движечката енергија која ја гради компанијата.
Но, што се случува кога ненадејна несреќа или повреда ќе ја прекине таа енергија.
Токму оваа грижа ја преточивме во нешто што е единствено на пазарот – физикална терапија како дел од колективното осигурување од незгода за вашите вработени.
Кога луѓето се информирани за бенефитите кои различните видови осигурување ги нудат тие стануваат посветени на планирање и обезбедување на својата финансиска иднина. Едукацијата за осигурувањето не само што ги учи поединците како да се заштитат од потенцијални катастрофи туку и како да ги искористат погодностите што осигурувањето ги нуди за поголема сигурност и стабилност во секојдневниот живот.
Доколку ви се потребни дополнителни информации побарајте го нашиот контакт центар на бесплатниот тел. број 0800 80000.
Сава осигурување - Никогаш сами!