Прв дел

Дали знаете како да постапите во случај на сообраќајна незгода?

Во случај на незгода на територија на Република Северна Македонија:

Доколку ви се случи сообраќајна незгода со друго возило, а вие не сте виновни обратете се во компанијата во која што е осигурано другото возило за да го остварите правото на обесштетување на основа на неговата полиса за автоодговорност.

Доколку штетата ја предизвикало неосигурано возило, пријавете ја во својата компанија Сава осигурување.

Доколку сте виновни или во незгодата не учествувало друго возило, или се работи за непознат сторител, а имате каско осигурување, обратете се во Сава осигурување.

Доколку се работи за сообраќајка со возило со странски регистарски таблички , земете податоци од зелен картон одСава осигурување странско возило, односно копија од ЗК и дојдете во Сава осигурување за добиете соодветни иснтрукции како да го остварите правото на обесштетување.

Зелениот картон не е валиден во случаи кога:

Рокот на важност е изминат или не се совпаѓа со важењето на полисата, погрешно или нецелосно е пополнет, нема податоци на осигурувачот ( потпис или печат ), истиот е оштетен, скинат или од него не може да се утврди содржина, има пречкртувања, преправања на букви или броеви и сл.

Задолжително направете фотографија на лице место.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

При пријавување штета по АО, неопходно е следново:

  • да ги доставите возилата заради увид и споредувања на оштетувања;
  • да пополните изјави за начинот и околностите под кои се случила незгодата;
  • да покажете докази за осигурување (полиси), сообраќајни дозволи, возачки дозволи (на увид), фотографии од лице место и слично.

Доколку ви се потребни дополнителни информации побарајте го нашиот контакт центар на бесплатниот тел. број 0800 80000.