Што е потребно да знаете за Патничкото осигурување?

Никогаш сами на патување!

Се подготвувате за патување на Вашата омилена дестинација, патување со Вашите најблиски на скијање во познатите ски-центри? За да биде безгрижно Вашето патување, потребно е да обезбедите и здравствено патничко осигурување.

Истото можете да го склучите за минимум три дена и максимум една година, и истото може да биде за индивидуално патување, семејно, студентско, бизнис, скијање или за групно патување.Сава патничко

Ние Ви нудиме три пакета  на патничко осигурување: Gold, Platinum и VIP. Во зависност од Вашата потреба, обезбедете си го соодветниот пакет и од него ќе зависи и осигурителната сума.

Пакетите се разликуваат врз основа на осигураниот ризик.

Ви нудиме исто така можност брзо и едноставно да склучите патничкото осигурување, онлајн, преку нашата веб-продавница во секое време.

При купување на патничкото осигурување дополнително  можете да купите и домашна и автомобилска асистенција.

Домашната асистенција Ви овозможува со еден повик да добите инструкции и помош при санирање на проблемот.

Автомобилската асистенција се однесува на 24-часовна достапност за поддршка и организација на помош за патнички моторни возила – Мини асистенција (поправка во случај на помал дефект, пренос и влечење на возило, како и снемување гориво).

За сите дополнителни информации Ве молиме обратете се во нашиот контакт-центар на бесплатниот телефонски број  0800 80000 кој е достапен за вас 24/7.

Искористете ги поволностите кои ви ги нудиме и уживајте безгрижно во своето патување!

Дополнителни информации :

Како да постапите во случај на незгода 

Побарајте понуда онлајн 

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!