Доколку сте на патување и ви се случи непријатна ситуација каде и како да пријавите штета

Секое патување е исполнето со посебни доживувања и моменти, но секако постојат и непријатни ситуации кои може да се случат.

За да биде без грижи Вашето патување, независно во кој дел од светот ќе патувате, потребно е да купите патничко осигурување и истото можете да го купите онлајн преку нашиот веб-шоп.

Креирајте свој профил и за секое наредно патување ќе биде потребно само да ги внесете деновите и да го изберете пакетот на осигурување.

Избирате Вид на на осигурувањеиндивидуално, семејно, групно, студентско и бизнис.

Потоа внесувате број на лица и период на престој во странство.

Доколку имате шифра од агент, ја внесувате, доколку не, продолжувате понатаму (полето не е задолжително).

Задолжително се внесува точна имејл адреса, бидејќи таму ќе ја добиете купената полиса.

Полисата  можете да ја надополните со домашна или автомобилска асистенција за периодот на Вашето патување.

Полисата станува валидна со самото плаќање и истата ја добивате веднаш на имејл.

Доколку Ви се случи несакана ситуација по основ на патничко осигурување, имате потреба од итен лекарски или болнички третман, веднаш или по пристигнување во болница да се јавите кај нашата асистентска куќа TBS Team +3895101525 (24 часа поддршка). Со овој повик целосната грижа за Вас ја презема TBS Team и се врши активирање на истата.

Доколку не се јавите во рок од 24 часа, Сава осигурување ќе ја надомести штетата до максимален износ од 150 евра во денарска противвредност.

Доколку имате дополнителни прашања за истите, на располагање Ви е нашиот контакт центар каде што можете да испратите имејл или да ги побарате на бесплатниот телефонски број 0800 80000.

Никогаш сами – Сава осигурување!

Сава осигурување а.д Скопје

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!